Зеленски му се заблагодари на Вучиќ за иницијативата за обнова на украинските населби

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес, во разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ  во Одеса, изрази дека е на иницијатива на српскиот претседател да помогне во напорите за обнова и да преземе покровителство за обнова на неколку украински населби.

По разговорот со Вучиќ на самитот Украина – Југоисточна Европа, Зеленски на својот Инстаграм профил напиша дека тоа е „навистина ефикасна форма на соработка“ и додаде дека со нетрпение очекува позитивни резултати.

Тој изјави дека со Вучиќ разговарал за меѓусебната поддршка на двете земји на патот кон Европската Унија, билатералната соработка и обновата на Украина.

Тој му изрази благодарност на Вучиќ за учеството на Самитот и за помошта на Украина.

„Ова е прва посета на претседателот (Вучиќ) на Украина и навистина е важно да се биде тука во Украина и да се биде сведок на војната од прва рака“, напиша Зеленски.

Тој додаде дека Киев ја цени поддршката на Србија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

По денешната средба со Зеленски, Вучиќ изјави дека со него разговарал за важноста од постигнување долгорочен и одржлив мир, почитување на меѓународното право и улогата на дипломатијата во надминувањето на конфликтот.