– Украинскиот претседател Володимир Зеленски повтори дека Киев не стои зад наводниот напад врз Кремљ, откако Русите ја обвинија неговата земја за неуспешен обид за атентат врз Владимир Путин.
– Ние не го напаѓаме Путин или Москва, ние се бориме на наша територија, ние ги браниме нашите села и градови, изјави Зеленски од Хелсинки.
– Немаме доволно оружје за ова … Не го нападнавме Путин. Тоа го оставаме на судот, додаде тој.
Зеленски смета дека Путин ја обвини Украина за нападот затоа што бара начин да го мотивира својот народ бидејќи не постигнува победи.