Зеленски откри каде му се ќерката и синот: Синот Кирил оди на училиште, а ќерката Александра учи на факултет
Украинскиот претседател Володимир Зеленски откри дека неговиот син Кирил и ќерката Александра се во Украина.
Зеленски на последната прес-конференција беше прашан за неговото семејство, а според него, неговиот десетгодишен син оди на училиште, а неговата ќерка, која има 19 години, студира на универзитетот.
– Мило ми е што се тука – додаде Зеленски.
На вториот ден од војната, да потсетиме, Зеленски уверуваше дека неговото семејство не ја напуштило Украина, туку е на безбедно место.
– Моите деца се во Украина. Мојот син има 10 години и е во Украина. Можеа да го однесат во странство, но ниту јас ниту жена ми не размислувавме за тоа. Дали нашите деца треба да одат во странство и да се сончаат на плажа додека другите деца умираат? Тоа би било неправедно – изјави претседателот на почетокот на годинава.
Сопругата на украинскиот претседател Елена Зеленска на почетокот на декември призна дека не сака нејзиниот сопруг да биде избран за нов мандат.