Зеленски откри што разговарал по телефон со Трамп откако американскиот претседател разговарал со Путин
Володимир Зеленски изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за потребата од зајакнување на воздушната одбрана на Украина, во услови на ескалација на руските напади врз украинските градови.
Во кратка белешка за нивниот повик, објавена на Телеграм, тој рече дека американскиот претседател е „многу добро информиран“ за ситуацијата во Украина. Тие разговараа за опциите за воздушна одбрана и се согласија да работат на зголемување на одбраната на воздушниот простор.
Украинскиот претседател тврдеше дека се согласиле нивните тимови да одржат посебен состанок по ова прашање, според „Гардијан“ .
Зеленски додаде дека разговарале за можностите за заедничко производство на оружје, нагласувајќи дека се подготвени за директни проекти со САД, како и за други заеднички купувања и инвестиции.
Украинскиот претседател, исто така, упати честитки за Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, заблагодарувајќи им се на САД за досегашната поддршка.
„Направивме многу работи заедно со Америка и ги поддржуваме сите напори за ставање крај на убиствата и враќање на нормален, стабилен и достоинствен мир. За таков мир е потребен пристоен договор, а Украина ги поддржува американските предлози“, рече тој.
Инаку, Трамп изјави дека е разочаран од телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, кој му потврдил на американскиот лидер дека нема да ја запре војната во Украина.