Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика сите замрзнати руски средства да бидат префрлени во неговата земја, каде се води војна по руската инвазија од пред речиси две години, јави ДПА.
Во своето синоќешно видео обраќање, тој рече дека е време „да се направи максимална системска штета на Русија. Ова особено важи за замрзнатите руски средства и на терористичката држава и на поединци поврзани со неа“.
– Треба да се заплени сè и да се искористи за заштита од терор, рече Зеленски.
Украина енергично работи со своите партнери за да го реши прашањето за руските средства, а украинскиот претседател рече дека разговарал за ова прашање со шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, кој вчера беше во Киев.
Во своето вечерно видео обраќање, Зеленски посочи дека Украина ќе и се одмазди на Русија за секоја ракета и секое беспилотно летало Шахед лансирани на нејзина територија