Зеленски повика да се создаде оваа армија, Трамп и Путин ќе полудат: Можно ли е ова да го сака?!

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека верува дека е време да се создаде „вооружена сила на Европа“, додавајќи дека нивната армија не е доволна.

Говорејќи на безбедносната конференција во Минхен, украинскиот претседател рече дека Европа не може да ја исклучи можноста „Америка да и’ каже не на Европа за прашања што и’ се закануваат“, објави Скај њуз.

Зеленски истакна дека многу лидери долго време зборуваат за тоа како на Европа и’ е потребна сопствена армија.

„Навистина верувам дека дојде време. Вооружените сили на Европа мора да се формираат“, рече тој во Минхен.

За потсетување, Украина речиси три години води војна против Русија.