Зеленски потпиша закон за продолжување на воената состојба

 – Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, потпиша закон за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација за 90 дена.

Законите што украинскиот Парламент ги усвои минатата недела ја продолжуваат вонредната состојба и општа мобилизација до 13 мај.

Воената состојба во Украина е воведена на 24 февруари 2022 година, кога Русија ја започна „специјалната воена операција“. Оттогаш мерките повеќепати се продолжувани.