Зеленски пристигна во посета на Шведска

– Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска е во посета на Шведска, објави дека ќе се сретне со премиерот Улф Кристерсон, со кралското семејство и со други претставници на таа земја.

Зеленски на својот налог на X (поранешен Твитер) напиша дека средбата со нив е за да и се заблагодари на Шведска за поддршката на Киев за време на руската инвазија.

„Ќе разговараме за развојот на билатералната соработка, особено во одбранбената индустрија, европската интеграција на Украина и заедничката безбедност во евроатлантската област“, ​​напиша тој.