ЗЕЛЕНСКИ ПРИСТИГНА НА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ЧОВЕК КОЈ МАВТА СО МОТОРНА ПИЛА: Ултрадесничарот Хавиер Миле денеска станува претседател на Аргентина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Аргентина, Хавиер Милај , соопшти Украинското претседателство.

Володимир Зеленски

– На пат за Аргентина за да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Хавиер Миле – се вели во соопштението од кабинетот на Зеленски , пренесе Франс прес.

Економистот и екстремно десничарски политичар Хавиер Милај денеска ја презема функцијата по победата во вториот круг од претседателските избори во Аргентина .

Како симбол на длабоките резови што ги застапува во аргентинското општество, понекогаш водеше кампања со моторна пила во рака.