– Украинскиот претседател Владимир Зеленски тврди дека Русија планира сценарио за терористички напад во нуклеарната централа Запорожје, што вклучува истекување на радијација.
Зеленски преку социјалните мрежи укажа на извештаите на украинската разузнавачка и безбедносна служба.
„Разузнавањето доби информација дека Русите планираат сценарио за терористички напад во нуклеарната централа Запорожје, што вклучува истекување на радијација. Тие подготвија сѐ за тоа“, рече Зеленски, тврдејќи дека Русите планираат нови напади.
Украинскиот претседател рече дека сите информации и докази што ги поседуваат, ги споделиле со своите партнери.
„Европа, САД, Кина, Бразил, Индија, арапскиот свет, африканските земји, меѓународните организации, сите треба да знаат за тоа“, додаде Зеленски.
Тој истакна дека никогаш и никаде не треба да се случуваат терористички напади врз нуклеарни централи.
„Овој пат не треба да се случи тоа што се случи во браната Каховка. Светот е предупреден, веднаш треба да се направи чекор“, нагласи тој.
Од друга страна, Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека тврдењето на Зеленски е лажно.