ЗЕЛЕНСКИ САКАШЕ ДА ГО ДИГНЕ ВО ВОЗДУХ УНГАРСКИОТ НАФТОВОД! Еве ги сите цели кои ги одбележа украинскиот претседател
Во јануари, Кремљ го нарече крајно опасно дури и да се разговара за можноста за снабдување на Украина со оружје што ќе и овозможи да ја нападне руската територија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи ракети со долг дострел да се користат против цели во Русија и да ги окупираат руските градови , пишува Вашингтон пост, повикувајќи се на документи на Пентагон објавени на Интернет. Тие ја опишуваат внатрешната комуникација (на Зеленски) со високи помошници и армиски команданти.
На крајот на јануари, украинскиот претседател предложи „ да се извршат напади врз Русија“ и „да се окупираат неименувани руски погранични градови“. Според Зеленски, тоа ќе му даде на Киев „помош“ во преговорите.
Покрај тоа, украинскиот лидер изрази жалење што немаат ракети со долг дострел во вооружените сили на Украина кои би можеле да стигнат до бази на руска територија. Наместо проектили, тој предложи да се користат дронови против цели во Ростовската област.
Според „Вашингтон пост“, Зеленски „зад затворени врати“ ја претставил идејата за минирање на нафтоводот „Дружба“, кој се протега од Русија до Европа, испорачувајќи, меѓу другото, нафта во Унгарија. Претставниците на разузнавањето, опишувајќи го разговорот во кој се појави оваа идеја, прецизираа дека Зеленски е лут на Будимпешта и дека упатувал „глупи закани“.
Во јануари, Кремљ го нарече крајно опасно дури и да се разговара за можноста за снабдување на Украина со оружје што ќе и овозможи да ја нападне руската територија. Претседателскиот портпарол Дмитриј Песков истакна дека тоа „би значело доведување на конфликтот на ново квалитативно ниво“.