Зеленски смета на поголема воена помош од Западoт за Украина во следните два месеци

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека очекува да потпише серија нови одбранбени пакети од Запад за Украина овој месец и во февруари.

Се подготвуваме за нови договори со партнерите, моќни билатерални договори“, рече Зеленски во синоќешното обраќање,

„Јануари и февруари треба да донесат очекувани резултати. Веќе има одредени датуми кога може да се добијат новите документи“, додаде украинскиот претседател, пишува Ројтерс .

Откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година, западните сојузници на Киев се приклучија во обезбедувањето воена помош и друга помош за да им помогнат на Украинците да ја одбранат својата земја.

Но, имајќи предвид дека војната влегува во третата година, со мали значајни промени на бојното поле во текот на изминатите 12 месеци и со зголеменото противење во Соединетите Држави за новите пакети за воена помош за Украина, муницијата и оружјето се дефицитарни.

Зеленски не посочи со кои земји ќе ги финализира договорите. Последниот месец го помина во меѓународни дипломатски мисии, обидувајќи се да обезбеди што е можно поголема политичка и воена поддршка.