Зеленски со велигденска честитка: Не се откажувај, мирот ќе се врати во нашата земја (видео)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Украинците на Велигден да не се откажат од надежта дека мирот ќе се врати во нивната земја и да истраат да ги надминат тешкотиите од војната со која се соочуваат веќе 1.152 дена. Облечен во сива традиционална украинска извезена кошула и стоејќи пред главната црква во Киев, катедралата Света Софија, Зеленски во видео на социјалните мрежи рече дека Украина никогаш не ја губи вербата.

„Затоа што оваа вера е во секој од нас“, рече Зеленски.

„Во оние што стојат покрај вас. Кај Украинците, кај Украинките. Верата дека злото може да има свој час, но Бог ќе го има својот ден“.

https://twitter.com/ZelenskyyUa/status/1913835585082454085?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1913835585082454085%7Ctwgr%5E58162ab291de8503f9acb482a37167e8f6dd8090%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fvijesti%2Fclanak%2Fzelenski-objavio-uskrsnu-cestitku-ne-odustajte-mir-ce-se-vratiti-u-nasu-zemlju%2F2663215.aspx

Рускиот претседател Владимир Путин во саботата објави изненадувачки еднодневен прекин на огнот во Украина за Велигден, кој оваа година се паѓа на ист ден за православните и западните цркви. Но, Зеленски претходно во неделата рече дека руската војска симулира пауза во непријателствата, продолжувајќи со ноќните обиди да нанесе жртви на фронтот во Украина.

„Знаеме што браниме. Знаеме за што се бориме. За кого и поради кого“, рече Зеленски.

,,Ќе дојде денот на животот.”