Зеленски тврди дека во Русија се подготвува револуција! Го спомена и Пригожин – зошто застанал на 200 километри од Москва? (фото)
Зеленски тврди дека примарна цел на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, била да стане „политичка фигура“ во Русија и дека успеал.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за ABC News изјави дека може да има нов бунт во Русија и дека има луѓе кои ќе го поддржат.
– Има знак дека може да има уште еден бунт во Русија, револуција. Покрај тоа, има многу луѓе кои би можеле да поддржат таков бунт – рече Зеленски, коментирајќи го бунтот на руските платеници од групата Вагнер што се случи во Русија на 23 и 24 јуни.
– Путин нема воена сила во Русија, а руското цивилно население не е заштитено – додаде тој.
Пригогин сакаше да стане политичка фигура
Зеленски тврди дека примарна цел на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, била да стане „политичка фигура“ во Русија и дека успеал.
Силите на Вагнер дојдоа на 200 километри од Москва пред Пригожин ненадејно да го напушти бунтот.
– Зошто застана? Па, не знам со сигурност – рече Зеленски.
Вагнер нема да напаѓа од Белорусија
По завршувањето на бунтот, на војниците на Вагнер им беше кажано да потпишат договори со руската војска, да се вратат кај своите семејства или да ја прифатат понудата на Лукашенко да заминат во Белорусија, каде што, според сателитски снимки, се изградени потенцијални нови воени бази.
Но, Зеленски вели дека достапното контраразузнавање покажува дека трупите на Вагнер нема да ја нападнат Украина од север.