Зеленски тврди: Половина Русија го поддржа бунтот на Пригожин против Кремљ, Путин ќе направи сè за да ја уништи славата на „Вагнер“ (ВИДЕО)
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави, повикувајќи се на разузнавачки податоци од Киев, дека половина од Русите го поддржуваат шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин во бунтот против Кремљ.
– Половина Русија го поддржа Пригожин. Половина Русија го поддржа Путин. Некои руски региони, во меѓувреме, балансираа не знаејќи кого да поддржат. Сите го гледаме овој процес, кој покажува дека половина од руското население е во сериозен сомнеж – рече Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен.
Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин, соочен со последиците од неуспешниот бунт на Вагнер на 24 јуни, ќе се обиде да го консолидира своето општество.
– Ќе направи сè за да ја сруши и уништи славата на „Вагнер“ и сè што постигнале. Ќе се огради од сето тоа и опширно ќе комуницира за да го обедини општеството – рече Зеленски.
Украинскиот претседател рече дека е забележливо што Путин повеќе не се појавува во јавноста по хаотичниот бунт на платениците на Пригожин.
– Каде исчезна Путин по сите овие настани? Ретко излегува на сонце, го гледаме само во кабинетот – рече Зеленски.