ЗЕЛЕНСКИ ТРГНА ЗА БРИСЕЛ: Заедно со Макрон одлучува за судбината на Украина

Зеленски ја продолжува турнејата низ Европа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и францускиот претседател Емануел Макрон заедно ќе отпатуваат на самитот на ЕУ, кој денеска се одржува во Брисел , соопштија од кабинетот на Макрон.

Зеленски, кој во среда ги посети Лондон и Париз, ќе присуствува на самитот на лидерите на ЕУ и ќе се обрати пред Европскиот парламент за време на неговиот престој во Брисел.

Вчера Зеленски ја започна мини турнејата низ европските метрополи со цел да ги охрабри лидерите на ЕУ да одобрат поголема помош за Украина во вооружување и за брз почеток на преговорите за членство на Киев во Унијата.

Како што е најавено, тема на самитот во Брисел, кој ќе се одржи од 9 до 10 февруари, ќе биде конфликтот во Украина и ситуацијата во европската економија.