Зеленски: Украинските сили извршија напад врз руски воен аеродром на Крим

– Украинските вооружени сили погодија руски воен аеродром во близина на градот Џанкој на Крим, изјави денес претседателот на Украина, Владимир Зеленски.

„Денес, Вооружените сили на Украина извршија добар напад против окупаторот во Џанкој, гаѓајќи го аеродромот. Ви благодариме, борци! Ви благодариме за прецизноста“, рече Зеленски во изјавата на Телеграм.

Властите на Крим денес соопштија дека движењето на возилата покрај една од делниците на автопатот во близина на воздухопловната база Џанкој на северот на Крим е привремено ограничено.

Причината за ограничувањето не беше спомената.