Зелката е богата со хранливи материи. Иако зелката е со ниска калорична вредност, таа има импресивен профил на хранливи материи.
Зелката е богата и со растителни влакна како и антиоксиданти како што се полифенолните, некои сулфурни соединенија и витаминот С. Антиоксидантите го штитат организмот од штетното дејство кое може да го предизвикаат слободните радикали. Исто така содржи во помал процент и витамин А, железо и витамин В2.
Содржината на витамин Ц и сулфур во зелката ги отстранува отровите што се главни причинители за кожни болести и ревматизам.
Со своите лековити својства, посебно антиоксидансите, зелката ја зголемува отпорноста против рак.
Овој зеленчук може да го зајакне имунитетот и да помогне во детоксикација на телото.
Свежата зелка помага и кај слабокрвност, несоница, депресија и анксиозност, додека варената зелка е одлично средство за детоксикација, помага при нервна напнатост, тегоби и слаба концентрација.
Зелката зазема водечко место на листата на најздрави намирници.