ЗЕМЈАТА КОЈА Е ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА МАФИЈАШИТЕ – Не поминува ниту еден ден без апсења, пукања, убиства: “На граѓаните им е доста!“

„Почитувана моја нација, денес уапсивме тројца меѓународно барани гангстерски босови во Аланија и Истанбул“, објави Али Јерликаја на социјалните мрежи во вторникот оваа недела. Тие се водачи на банди со белгиско-британско, виетнамско и арапско потекло.

Без разлика колку се силни овие банди и какви потерници ќе се распишат, ние ќе им ставиме крај!“, воинствено најави министерот за внатрешни работи на Турција

Откако тој ја презеде функцијата во јуни, не помина едвај еден ден без апсење на тешки криминалци. Тука спаѓаат дилери на дрога, трговци со луѓе, измамници и крадци – но и лидери на меѓународни банди кои се етаблираа во Турција во последните години.

Пред нешто повеќе од еден месец Али Јерликаја објави дека турската полиција успеала да го затвори целото раководство на глобално активната криминална група „Команчеро“. Меѓу уапсените има и неколку лица од Австралија и Нов Зеланд кои Интерпол ги бара врз основа на меѓународна потерница. Али Јерликаја објави и видео снимки од апсењето.

Показателите за зголеменото присуство на меѓународен криминал во Турција во последно време стануваат се поочигледни: престрелки, убиства и уште повеќе истражувачки извештаи од новинари. Сепак, пред Али Јерликаја да ја преземе функцијата, речиси никогаш немаше сериозни истраги, па дури и кривични пријави против овие групи. Самиот поранешен министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, одржуваше блиски врски со мафијата. За време на неговиот мандат, водечките мафијаши на турското подземје беа ослободени од затвор, што и овозможи на Турција да се развие во рај за меѓународни криминалци, особено од Србија, Албанија, Азербејџан, Русија и Црна Гора.

Овде бандите ги водат своите војни, како што покажува убиството на Јован Вукотиќ, наркобос од црногорскиот клан „Шкаљарски“. На 8. септември 2022 година, Јован Вукотиќ беше убиен во Истанбул. Истрагата открива дека бил убиен од локална мафијашка група за награда од 1,5 милиони евра. Според полицијата, нарачката дошла од ривалскиот клан „Кавачки“, исто така од Црна Гора.

Кавачки“ и „Шкаљарски“, два нарко-клана од Котор, десет години водат вистинска војна во Европа. Досега околу 50 луѓе се убиени во крвави конфликти во неколку земји. Како одговор на истрагата, германската криминалистичка полиција (БКА) во 2022 година соопшти дека Турција веќе некое време се етаблирала како рај за криминалните групи од Западен Балкан.

Рациите на турските власти открија како функционираат таквите групи од Шпанија до Турција. Запленетите фотографии и документи сведочат за киднапирања, мачења и убиства.

Експертите велат дека постојат четири главни причини зошто Турција стана втор дом за многу криминалци во последните години. Прво, законите за спречување на перење пари се премногу благи. Второ, власта одвреме-навреме ги амнестира сторителите на економски криминал. Трето, безвизен влез е можен од многу земји. И четврто, богатите луѓе можат брзо да станат турски државјани.

Секој кој инвестира 500.000 долари во Турција или ги депонира на банкарска сметка три години или кој купува недвижен имот во вредност од најмалку 400.000 долари, може да поднесе барање за турско државјанство. Кристин Сурак од школата за економија и политички науки во Лондон, која напиша книга за овие таканаречени „златни пасоши“, вели дека годишно повеќе од 50.000 луѓе од целиот свет добиваат турско државјанство по оваа основа. А речиси половина од нив се издадени од Анкара.

Дополнително, лидерите на меѓународните банди можат да добијат и турско државјанство преку вообичаената процедура доколку ги исполнуваат условите и доколку против нив нема потерница од Интерпол во моментот на натурализацијата.

слика
Али Јерликаја

Фуркан Сезер, поранешен прв човек на одделот за економски криминал во полицијата во Истанбул, со години ги следи овие процеси. Тој вели дека многу криминалци прво се натурализираат, а потоа го внесуваат својот имот во Турција. Благодарение на честите амнестии, ова е многу лесно. Ова им овозможува на физичките и правните лица да ги пријават своите нерегистрирани средства од странство или во земјата до даночните власти, понекогаш дури и без да плаќаат даноци.

Тоа значи дека парите, чие потекло не е познато, влегуваат во законскиот финансиски тек. Озан Бингол, експерт за даночно право, ја критикува оваа практика.

Криминалците обично плаќаат 15 до 20 отсто од вредноста за перење пари“, вели тој. 

Но, турската Влада им дозволува тоа да го прават тоа и без да плаќаат никаков данок. Ова, според него, ја отвора вратата за криминалците од секаков вид. Озан Бингол го критикува и недостатокот на авторитет на полицијата во борбата против перењето пари.

Ако некој ненадејно се појави денес со милион долари, властите не смеат да прашуваат од каде се парите“, вели тој и додава: „Сегашната Влада на АКП ја усвои оваа регулатива како еден од нејзините први проекти по доаѓањето на власт во 2002 година“.

Покрај тоа, постојат големи дупки во законите кога станува збор за инвестиции во криптовалути, кои, според Озан Бингол, привлекле многу меѓународни банди во Турција. Според него, овие инвестиции треба да се санкционираат и регулираат што е можно побрзо.

Меѓународниот институт за борба против перење пари и финансирање тероризам – FAFT (финансиска акциска работна група) соопшти дека Анкара мора да преземе построги мерки против перење пари. FAFT пред две години ја стави земјата на таканаречената сива листа. Оттогаш Турција е под надзор. До ревизијата на таа листа следниот јуни, Анкара би сакала да биде отстранета од оваа листа бидејќи турската економија и без неа е во неволја. Со својата политика на ниски каматни стапки, претседателот на ТурцијаРеџеп Таип Ердоган, ја турна земјата во длабока криза. Турската лира продолжува да ја губи вредноста, а инфлацијата продолжува да расте. Неодамна беше речиси 61 процент. Мешањето на Реџеп Таип Ердоган во монетарната политика и судството ги исплаши странските инвеститори.

И токму тоа и треба на земјата. Новиот министер за финансии, Мехмет Шимшек, кој ја презеде функцијата по изборите во мај, се обидува да привлече меѓународни инвеститори. Често патува во странство, се обидува да собере свежи пари и да стекне доверба.

Но, за да се врати, мора сите да бидат вклучени. Не само Мехмет Шимшек, туку и министерот за внатрешни работи Али Јерликаја со неговата борба против организираниот криминал.