Земја која е речиси целосно муслиманска е решена да го забрани хиџабот бидејќи е „туѓ“ за нејзината култура.
Таџикистан одамна има неофицијална забрана за верско облекување во јавните институции, но новиот нацрт-закон ќе забрани увоз, продажба, носење и рекламирање на хиџаб, пишуваат странските медиуми ,
Оние кои ќе го прекршат новиот закон може да бидат казнети и со парична казна, од 740 долари за физички лица до 5.400 долари за правни лица.
Пратеничката Мавлудахон Мирзоева рече дека предлог-законот вклучува забрана за облека што се смета за „туѓа“ за локалната култура.
Иако е контроверзен, се очекува предлог-законот да биде одобрен и потпишан од претседателот Емомали Рахмон.