Со Планот за раст се овозможува пристап до европскиот заеднички пазар. Тоа значи дека нашите производи и услуги ќе може да се пласираат на Единствениот Европски Пазар и пред полноправното членство во Унијата.
Освен тоа, планот за раст предвидува и алокација на дополнителни 6 милијарди евра за Западен Балкан со цел забрзување на реформите.
Ваквиот план на Европската комисија е скроен по барање на земјите од Западниот Блкан, со цел да се искористат привилегии и можности од зачленувањето во ЕУ пред време, односно додека траат преговорите.
Целта на ЕУ е до март 2024 година да направи прв трансфер на пари кон Македонија и другите земји во регионот на Западен Балкан со цел да се забрза процесот на реформи.