Земјоделско земјиште во Албанија, куќа во Зајас и автомобил – ова е богатството на Али Ахмет

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и актуелен пратеник во Собранието на Македонија, до Државната комисија за спречување на корупцијата достави два недвижен имот, автомобил и банкарски депозит.

Ахмети поседува земјоделско земјиште во Албанија со површина од 700 метри квадратни, куќа во Кичево село Зајас, автомобил на име на сопругата и куќа.

Подолу го имате имотот на претседателот на ДУИ Али Ахмети, претставен пред Државната комисија за спречување на корупцијата.

– Земјиште од 700 метри квадратни во Албанија во вредност од 30.000 долари или 1.635.000 денари.

– Куќа во Зајас Кичево, со простор од 254 метри квадратни во вредност од 100.000 американски долари или 5.450.000 денари.

– Автомобил Фолксваген Поло 2010 година со вредност од 7.000 евра или 431.257 денари.

Депозит во банка со заштеда од 758.452,00 денари или 12.312 евра