ЗЕМЈОТРЕС ВО АЛБАНИЈА: По втор пат се тресе тлото за неколку часа, епицентарот на 30 километри од Тирана, жителите во паника (ФОТО)
Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека земјотрес со јачина од 3 степени по Рихтер ја погодил Албанија во 17 часот и 40 минути.
Епицентарот на земјотресот бил на 33 километри од Тирана на длабочина од 10 километри.
Според ЕМСЦ, ова е втор земјотрес за само неколку часа.
Првиот земјотрес со јачина од 3,8 степени ја погоди Албанија во 14 часот и 51 минути. Епицентарот на земјотресот бил на 30 километри југоисточно од Тирана на длабочина од осум километри.
– Најстрашниот момент во мојот живот. Трауматизиран сум – вели еден корисник на веб-страницата на EMSC.
– Беше страшно – додаде друг корисник.
Засега нема извештаи за штета .