ЗЕМЈОТРЕС ВО МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – Од “Олд Трафорд“ си заминува “мозокот“ на клубот, а се знае и кој ќе го наследи

Манчестер Јунајтед следниот месец ќе остане без една од клучните фигури во клубот. Извршниот директор Ричард Арнолд го напушта клубот на крајот на оваа година, пишува Sky Sports.

Извор на Sky Sports јавува дека официјалната потврда за оваа голема промена ќе пристигне најдоцна до крајот на денот во среда. Сето ова се случува додека клубот се подготвува за доаѓањето на Ineos Sport предводен од Сер Џим Ретклиф кој купува 25 отсто од акциите во клубот за 1,3 милијарди фунти.

Ричард Арнолд е на позицијата извршен директор од февруари 2022 година, кога го наследи Ед Вудворд, а во клубот е од 2007 година. Со доаѓањето на Џим Ретклиф во клубот, Ричард Арнолд најверојатно ќе си замине, а на негово место ќе дојде Патрик Стјуарт.

Манчестер Јунајтед ги отфрли сите овие пресметки и ги нарече само шпекулации, а купувањето на 25 отсто од акциите од страна на Џим Ретклиф за 1,3 милијарди фунти се уште не е официјално потврдено. Интересно, Ричард Арнолд е еден од 12-те луѓе кои мора да го одобрат ова купување.