‘ЗЕМЈОТРЕС’ ВО РУСИЈА – Разрешен од служба познатиот генерал ‘Армагедон’: Владимир Путин останува без еден од најискусните луѓе во Армијата !?
Генералот Сергеј Суровикин, попознат како „Армагедон“, наводно е разрешен, пишува рускиот независен медиум Meduza, а пренесува угледниот весник Politico.
Наводно, наредбата за отстранување ја наредил самиот претседател на Русија, Владимир Путин.
Тој бил отпуштен со декрет издаден на 18. август, а наводно ќе остане дел од Министерството за одбрана на Русија. Весник Politico пишува дека на почетокот на август годинава Сергеј Суровикин бил во домашен притвор.
Претходно тој наводно бил уапсен кога руската платеничка група Вагнер направи еден вид мини државен удар. Сергеј Суровикин тогаш беше обвинет дека наводно бил таен член на Вагнер, група предводена од Евгениј Пригожин.
Кој е Сергеј Суровикин ?
Сергеј Суровикин, поранешниот командант на руските операции во Сирија, е озлогласено корумпиран и брутален генерал дури и според стандардите на руската Армија, претходно објави првиот човек на московското биро.
Според веб-страницата на Министерството за одбрана на Русија, Сергеј Суровикин има 56 години и е роден во Новосибирск, Сибир. Тој има борбено искуство од конфликтите во 1990-тите години во Таџикистан и Чеченија, како и Сирија, каде Русија воено интервенираше во 2015 година на страната на режимот на Башар ал Асад.
Само две години подоцна, тој беше назначен за прв човек на руската група на сили во Сирија, за што беше одликуван со орденот – „Херој на Русија“.
Според медиумите, Сергеј Суровикин имал прилично колоритно минато. Тој поминал седум месеци во притвор по пучот и протестите против Михаил Горбачов во 1991 година, кога тројца демонстранти беа убиени додека Сергеј Суровикин минувал покрај нив. Тој бил на страната на „тврдокорните“ во Комунистичката партија на Советскиот Сојуз (КПСС) кои се спротивставија на реформската програма на Михаил Горбачов.
Тој потоа беше осуден во 1995 година за кражба и продажба на службен пиштол, иако обвинението подоцна беше поништено. И покрај тоа, тој е и еден од најспособните офицери на својата генерација. Во 2012 година, тој доби задача да формира нова воена полиција, а дотогаш немаше таква служба во Русија.