Англискиот спортски новинар кој работи за порталите „Team talk“ и „90 min“, Грим Бејли денеска лансираше шокантна репортажа – Барселона тргнува по Ерлинг Халанд!
Имено, според тврдењата на Бејли, еден од најдобрите напаѓачи во светот има клаузула во договорот дека може да го напушти Манчестер Сити по 2025 година за 175.000.000 евра, а Барса би сакала да ја активира.
Халанд игра феноменално во дресот на „Граѓаните“, минатата сезона беше најдобар стрелец во Премиер лигата со 36 голови, а Лигата на шампионите ја освои со Манчестер Сити.
Неговиот договор истекува во 2027 година, но Каталонците се подготвени да го ангажираат две години пред истекот.
Норвежанецот на „Камп Ноу“ би дошол како замена за Роберт Левандовски кој веќе има 35 години, а прашање е во каква форма би бил во 2025 година кога Барса подготвува ,,напад” на Халанд.