Апаратите на Сеизмолошкиот завод на Србија регистрираа дури три земјотреси на југоистокот кај нашиот северен сосед.
Имено, во период од 10 часа земјотресот ја погоди територијата на Бор, а потоа продолжи да „тресе“ кон Доњи Милановац и Ниш.
За среќа, магнитудата не е загрижувачка со оглед на тоа што ниту еден од споменатите не надмина 2 Рихтери.
Бор и Ниш ги потресе земјотрес со јачина од 1,9 степени, а Доњи Милановац со јачина од 1,6.
Исто така, земјотрес од оваа јачина не може да предизвика големи материјални штети.