Земјотрес во фудбалскиот свет! Познат селектор доби доживотен затвор: Местел натпревари и земал пари за играчите да бидат во неговиот тим!

Поранешниот кинески фудбалер Ли Тие (46) неофицијално е осуден на „доживотен затвор“ поради корупција во својата татковина.

Британските медиуми пренесуваат дека поранешниот играч на Евертон западнал во неволја како селектор на кинеската фудбалска репрезентација, која ја водеше од 2019 до 2021 година, откако беше откриено дека „примал и нудел мито“ за да повика поединечни играчи на репрезентација и ги местел натпреварите.

Една година по неговото заминување од кормилото на репрезентацијата, обвинителството отвори истрага за невиден скандал, а сега пристигнуваат информации дека тој ќе биде во затвор до крајот на животот. Освен него, затворска казна од 15 години доби и поранешниот претседател на кинеската фудбалска асоцијација, Чен Ксујен, а уште 13 години директорот на репрезентацијата Ду Жаокаи.

Споменатиот поранешен селектор Ли Тај призна дека платил три милиони јуани (околу 350 илјади евра) за да стане селектор на кинеската репрезентација, а признал и дека учествувал во местење натпревари, односно „влез и испаѓање од домашното првенство“. Пред да стане селектор на Кина, тој работеше во Вухан, како и во Хебеи, додека беше асистент во Гуангжу Евергранде, познатиот азиски шампион кој згаснува поради банкротот на градежниот гигант.

Ли призна дека наместил натпревари во Хебеи и Вухан, клубот со кој освои промоција во највисоката кинеска лига во 2018 година, а во изјавата емитувана во живо на телевизија тој призна дека жали поради тоа. Тој откри дека почнал да „влијае“ на судиите, дека подмитувал противнички играчи и тренери.