Земјотрес почувствуван во Штип и околината

Земјотрес со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, е регистриран денеска, 75 километри југоисточно од Скопје и е почувствуван од населението во Штип и околината.

Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот со Рихтерова локална магнитуда ML2.5, се случил во 13 часот и 08 минути, а потекнува од епицентрално подрачје Свети Николе – Штип.