Разорен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Истанбул, соопшти сеизмолошкиот центар ЕМСЦ.
Епицентарот на земјотресот бил во Мраморното Море, на периферијата на Истанбул, додека потреси биле почувствувани и во други провинции, пренесува Телеграф.
Жителите во паника излегоа од своите домови и станови, како и многу други кои во тоа време беа на работа.
Најголем дел од жителите погодени од земјотресот се уште остануваат на отворени простори поради страв дека може да се случи нов земјотрес.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалните мрежи објави дека надлежните агенции излегле на терен за да ја проценат штетата.