Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 7 часот и 22 минути во јужна Грција, јавува ЕМСЦ.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 12 километри од Захар.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.