ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ ВЛЕГУВА ВО ММА РИНГОТ !? Дали славниот фудбалер ќе изеде тежок ќотек поради една работа од 2011 година: “Тогаш се извлече, а сега планирам нешто брутално за него!“
Златан Ибрахимовиќ се уште е во фокусот на јавноста по објавувањето на неговото пензионирање. Славниот Швеѓанец со босански корени привлекува внимание каде и да се појави, па и светот на ММА сфати за каков магнет за пари се работи.
Неодамна поранешниот фудбалер доби неколку понуди да влезе во рингот, а последната ја испрати полскиот борец Дариуш Казмиерчук.
49-годишниот Полјак не ја заборава епизодата на Златан Ибрахимовиќ во 2011 година, во која тој учествуваше во лов на лавови, а потоа најави дека еден ден ќе го претепа: „Во 2011 година кучкиниот син Златан Ибрахимовиќ уби лав. Отишол на лов со еден куп магариња и го убиле лавот само за престиж. Тогаш Златан Ибрахимовиќ се извлече без последици, но јас планирам нешто брутално за него“, изјавил полскиот ветеран.
Оваа покана за борба предизвика многу коментари на социјалните мрежи бидејќи во светот на ММА ваквото шоу загарантирано ќе донесе огромен профит.
Познато е и дека Златан Ибрахимовиќ има црн појас во теквондо, но прашање е како би се снашол во светот на мешаните боречки вештини…