ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ ГОРД КАКО НИКОГАШ ПРЕТХОДНО – Неговиот најмал син ги следи неговите чекори, а оваа вест особено го радува легендарниот фудбалер
Златан Ибрахимовиќ е горд како и секогаш. Неговиот помлад син Винсент е поканет во шведската репрезентација. Секако, станува збор за помладите селекции, односно кампот за фудбалери родени 2008 година.
Винсент е помладиот син на Златан Ибрахимовиќ и Хелена Сегер, а моментално е член на Милан, исто како и Максимилијан кој е две години постар.
Винсент е роден во Шведска, во Лунд, па нема дилема за која репрезентација ќе игра.
Максимилијан веќе е шведски репрезентативец и има пет настапи за јуниорската селекција на земјата.
Златан Ибрахимовиќ е во пензија од јуни оваа година, но наскоро би можел да се врати во Милан. Не како играч, туку како професионален соработник кој би бил врската помеѓу првиот тим и управата на клубот.
За ова неодамна проговори сопственикот на Милан, кој изјави дека имал разговор со Златан Ибрахимовиќ на оваа тема и дека се чека неговата конечна одлука.