ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ НЕМА НАМЕРА ДА СЕ ПЕНЗИОНИРА! Фудбалерот доби понуда да го прослави својот 42 роденден во нов клуб

Иако на 41-годишна возраст долго време им пркоси на „законите на физиката“, Златан Ибрахимовиќ нема намера да се пензионира.

Швеѓанецот ќе го напушти Милан на крајот на оваа сезона, но неговата кариера нема да застане тука.

Според италијанските медиуми, славниот напаѓач во октомври би можел да го прослави својот 42 роденден во Монца.

Монца ми кажа дека имаат подготвен договор за мене. Но, моментално сум играч на Милан и горд сум на тоа. Не верувам дека ќе се пензионирам на крајот на сезоната. Знам дека морам да најдам добар биланс за во иднина“, изјавил Златан Ибрахимовиќ.

Златан Ибрахимовиќ го пропушти најголемиот дел од сезоната поради повреда на коленото. Поточно одигра само четири натпревари и постигна еден гол.