Значењето на семејната едукација за македонските семејства

Семејството преставува сложен систем на елементи и како таков може да се смета за компонента во пошироката мрежа на системи. Оттука, за да го разбереме секое семејство, мораме исто така да изучуваме како семејството е во релација со другите семејства во нивните пошириките социјални и културни контексти. За да остане како таква сложена компонента членовите на самото семејство треба да ги извршуваат најзначајните функции: економска, воспитната, социјализаторска, бидејќи ако една од овие функции не се извршува како што треба тоа веднаш се чувствува и изникнува како никулец на површината. Ако навремено не се реагира за да се прекине растот на тој никулец тогаш од никулец ќе премине во огромно дрво со еден тон тешки гранки на него кои што нема да можат да се искастрат. Денеска посебно македонските семејства проблемите метафорички кажано ги ставаат под килим и како поминува времето така настанува брдо, мал дел од нив  кажуваат дека се соочуваат со одредени проблеми, други велат дека не се соочуваат со проблеми и така натаму.

 Македонските семејства поминуваат низ низа проблеми. Проблемите од типот на: проблеми помеѓу брачните партнери, проблеми со плодност, проблемите помеѓу родителите и децата, проблемите помеѓу членовите на семејството и така натаму. Овие набројани проблеми  може да предизвикаат дисбаланс во самото семејство, а дисбалансот во семејството може да доведе до создавање на конфузна семејна атмосфера во домот. За сите овие проблеми семејната едукација помага во разрешувањето на овие проблеми. Кога семејството со помош на стратегиите коишто ги создало со помош на семејната едукација ќе реши одреден проблем тогаш сфаќаме колку е ефективна семејната едукација. Всушност семејната едукација е практика со којашто кај семејствата  развиваат вештини и стратегии кои ја подобруваат благосостојбата и ги зајакнуваат меѓучовечките односи преку едукативен и превентивен начин. 

Денеска во Република Северна Македонија постојат институции во кои што се одвива таа едукација за семејниот живот. Тие институции нудат програми поврзани за таа едукација. Една од тие институции е Институтот за брак, семејство и системска пракса (Алтернатива). Овој институт пред неколку  години одржа програма за создавање на родителски вештини. Таа се одвиваше во пет сесии (една сесија неделно) под името: Родителство за целоживотно здравје каде што повеќе внимание беше насочено кон  децата од две до девет годишна возраст и нивното однесување.  Оваа програма која што беше одржувана од фасцилатори  имаше за цел да:

  • Го намали ризикот за малтретирање на детето и да се подобри детското однесување преку помагање на родителите во развивањето вештини за востановување позитивни односи со децата.
  • ги подобри: родителското знање и вештини, позитивното однесување на родителите, однесувањето на децата и менталното здравје на родителите.

Овие програми промовираат родителски практики и однесувања кои кај родителите или страрателите градат вештини за тие позитивно да комуницираат и да обезбедат соодветна поддршка и грижа за децата.

Програмите за родителство се покажале како доста усшешни и ефикасни во спречувањето и третирањето на нарушеното однесување кај децата и во налувањето на проблемите на план на менталното здравје кај мајките. Оваа програма вклучуваше:

  • Работење заедно со родителите во решавање на проблемот
  • Вклучувањето на родителите во активностите со нивните деца, соодветни на развојната фаза на нивните деца
  • Учење за тоа како да се саморегулираат и контролираат нивните емоции
  • Утврдување на јасни граници, домашни правила и соодветни форми на надгледување
  • Помагање на родителите да се грижат за себе си, преку самогрижа и ослободување од стрес.

Оваа програма помогна кај децата кои имаа непосакувано однесување во училиште во домот или надвор од домот да го пренасочат во позитивно однесување со помош на одредени вежби. За оваа програма имаше доста заинтересираност од страна на родителите. Постојат огромен број на работи кои можат  да помогнат при пренасочувањето на негативно во позитивно однесување кај децата како на пример награда од типот на: гушкање, бакнување, упатување на убави зборови и пофални зборови и така натаму. Ако родителот континуирано употребува зборови чија содржина е навредлива, не употребува пофални зборови тогаш тоа може да има сосема друг ефект кај детето и тоа да почне исто да практикува такви зборови и навредливо однесување бидејќи тоа е моделот во кој расте. Кај детето може да се појави еден отпор во однос на извршувањето на домашните задачи во домот и училишните задачи во училиштето и  може да се појават непосакувани односи кај тоа дете. Непосакувани односи од типот на тоа да нападне друг соученик во училиште односно да пројави девијантно однесување, да започне да мисли дека него никој не го посакува посебно вакви мисли можат да се создадат за време на адолесценција уште познат и како бурен период. Од лично искуство и од тоа што го имам видено кај македонските семејства и нивните деца е тоа кога тие негативно се однесуваат или плачат за да се смират родителите веднаш  му го даваат таблетот и детето  се смирува. Овој начин за прекин на негативно однесување не го поддржувам затоа што може да предизвика сериозни проблеми од типот: детето ќе развие слабо внимание и концентрација, подоцна го развива говорот, бидејќи ќе гледа содржини и видеа на странски јазик има можност прво да го совлада англискиот јазик, а потоа македонскиот јазик,  уште од мала возраст да почне да носи очила , да станува егоистично и егоцентрично или да има слаби социјализациски вештини и сл.Уште нешто што го имам забележано кај македонските семејства е условувањето на пример: “ Ако се однесуваш добро ќе ти купам играчка”.

Условувањето и давањето на таблет кај детето за да тоа да престане да плаче или да  престане со одредено негативно однесување е сосема погрешен начин. Затоа што ниту едно дете не треба да биде условувано за да добие нешто за возврат. Програмите од ваквиот тип имаат огромно значење. На детето потребно е да му се пружи љубов и секојдневно внимание од двајцата родители и нешто што е најважно е  да му се задоволат детските потреби. Детето е под постојано зрачење кое што го прави се повеќе и повеќе зависно од таблетот, а ако не го добие во моментот почнува да плаче.

Покрај  пренасочувањето од негативно однесувањето кај децата, друго нешто што забележав во самиот прирачник за фасцилатори и нешто што ми падна во очи се последиците од не следење на инструкциите дадени од страна на  родителите на пример: Ако не дојдеш дома право од училиште, нема да можеш да си играш со децата после, Ако ја скршиш играчката нема да имаш играчка за играње, Ако не ги тргнеш играчките сега, тогаш нема да може да играш со нив утре и така натаму. Од ова можеме да заклучиме дека доколку детето не ги следи инструкциите од родителите тогаш покрај инструкцијата се додава и последица3. Што значи дека детето треба да биде на правилен начин казнето за да разбере каде греши, но и за да научи тоа што го прави дека е погрешно.

Погрешното или негативното однесување може да настане од различни причини. Одговарањето на тоа лошо однесување на несоодветен начин или претпоставката дека детето  едноставно “лошо се однесува“,  детето може да се чувствува уште поосамено со  емоции со кои тоа се справува. Едноставно обвинување за однесувањето на детето дека е лошо дете, ги продлабочува неговите причини за негативно однесување наместо да се мотивира да се однесува позитивно. Честопати причината за негативно однесување може да биде гладта или уморот, но наместо тоа може да биде и  подлабоко закопана. Од тука разбираме дека комуникацијата помеѓу родителот и детето игра голема улога. Понекогаш за детето да може да сфати што му  говори родителот, родителот  понекогаш треба да се спушти на  детско ниво и со едноставни зборови  на неговото дете да му објасни за тоа да може да  разбере тоа што го говори неговиот родител/старател. Ако родителот употребува висок речник нема да има никаков фидбек (повратен одговор) од  детето.  За оваа цел родителите или старателите потребно е да имаат вештини за да знаат како да го сторат тоа, а тие вештини тие можа да ги добијат со помош на семејната едукација.     

 Македонското семејство во период од 2019 до 2021 година доживеа една од најлошите пандемии што може да постојат, а беше предизвикана од корона вирусот. За време на таа пандемија голем дел од македонските семејства загубија член од своето семејство, таа загуба за нив преставуваше траума. Кај македонските семејства се промени начинот на однесување, се појави страв, се создаде таков хаос кој што сметам дека настана затоа што целокупното семејство се соочи со нова ситуација со која што се соочи и  државата. Македонските семејства почнаа да се изолираат во своите домови, или пак да одат во своите викендици и да седат на отворено. Онлајн наставата по основните, средните и високообразовните институции направи новите генерации да не можат да се запознаат помеѓу себе, создаде неможност и простор за социјализација посебно кај учениците во основно образование, градинките како предучилишни институции не работеа за време на пандемијата и друго, а сето тоа доведе и до создавање на прашањето за тоа кој ќе се грижи за детето додека неговите родители се на работа.

Исто така не можеме да говориме за позитивно родителство кога родителот е премногу попустлив и му дозволува на детето да прави што сака, ниту кога родителот го удира детето, му вика или користи други алтернативни решенија кои во себе имаат елементи на занемарување и злоупотреба. Овие решенија имаат краткорочни ефекти и нe подучуваат на подобро однесување.
Спротивно на тоа, позитивно родителство значи родителско водство со многу љубов, емпатија и почитување на личноста на детето преку воспоставени правила и граници кои даваат долгорочни решенија. Со примена на новите вештини и методи, кога се опкружени со внимание, грижа, поддршка и охрабрување, децата се развиваат во вистинска насока. Како и да е, родителството постои и станува најзначајна, безвременска вредност како за детето и за родителот, така и за заедницата. Затоа е неопходно родителството да се поддржи, научи и практикува во неговите најдобри и позитивни форми.