Бремените жени имаат многу проблеми со меморијата и затоа често забораваат на одредени работи, предмети и обврски.
Имено, секоја бремена жена имала искуство со слаба меморија и губење на работи, а научниците тврдат дека ова е нормална појава, особено во подоцнежните фази од бременоста, како и по породувањето.
Научниците дошле до заклучок дека жените во последните шест месеци од бременоста и во првите три месеци по породувањето имаат проблеми со просторната меморија, што значи дека честопати не можат да се сетат каде ставиле одредени работи.
Проблемите се јавуваат поради хормоните кои влијаат на мозокот.
„Заборавот и недостатокот на внимание се чести кај бремените жени. Зголемените количини на хормони за време на бременоста влијаат на мозокот, предизвикувајќи заборавеност и слаба концентрација“, објасни експертот Даен Ферар.
Дополнително, хормоните најмногу влијаат на делот од мозокот одговорен за просторната меморија, што им помага на луѓето да се сетат каде ги оставиле работите и по кој пат треба да одат за да стигнат до одредена дестинација. За среќа, ова е краткорочен феномен кај бремени жени кој исчезнува три месеци по породувањето.