Зошто гулабите младенчиња се речиси невидливи за човекот?

 Гулабите се една од најчестите птици во градовите ширум светот, но како што веројатно се забележува, гулабите младенчиња се речиси невидливи за обичниот човек…

Имено, гулабите коишто се гледаат на улиците денес, потекнуваат од пештерските гулаби. Иако сега претежно живеат во град, каде што храната им е и подостапна и имаат сосем поинакви услови за живот, кога станува збор за одгледувањето малечки, денешните гулаби, сепак, сѐ уште се однесуваат како и нивните не така далечни роднини коишто морале да бидат повнимателни. Според стручњаците, впрочем, пештерските гулаби ги граделе своите гнезда во вдлабнатини или поскриени места, на таква длабочина што би било невозможно на пр. грабливецот да стигне до нив.

Така, и градските гулаби ги градат своите гнезда, на пр. на црквени кули, во напуштени згради или под мостови.

Покрај тоа, младите гулаби остануваат долго во гнездото – времето од испилувањето до напуштањето на гнездото трае повеќе од 40 дена. За тоа време родителите ги хранат со тн. птичјо млеко полно протеини и масти. Поради ова, кога гулабот првпат го напушта гнездото, тој е веќе целосно порасната птица која потешко може да се разликува од другите гулаби.

Сепак, има мали разлики…

Имено, младите гулаби ја немаат онаа светлозелено-виолетова боја околу вратот, а и бојата на нивниот клун на почетокот нема да биде белузлава како кај возрасните, туку сиво-розова.