Дражен Петровиќ важи за еден од најдобрите кошаркари во историјата на екс-ју кошарката. За жал, тој го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа во 1993 година. Многу асови раскажуваа разни приказни, анегдоти, детали од тренинг и слично за него, а сега неговиот брат Ацо Петровиќ откри нешто што многумина не го знаеле.
Прекарот на Дражен бил ,,појадок”, додека Александар го викале ,,ручек”. Зад сето тоа стои интересна приказна од периодот кога биле во Шибеник.
,,Не знам зошто го доби надимакот. Ацо го викаа ,,ручек”. Појма немам зошто ама така беше. Всушност знам. Немаше тогаш мобилни телефони, па родителите не знаеја кај сме, дали сме напишале домашна, дали сме трчале, сме играле фудбал, кошарка, некој спорт. Еднаш мајка му го отвари прозорецот и извика „Ацооооооооо, ручек“. Ако тебе те вика ручек, што е помалиот брат?, го запрашавме него. Тој е појадок, одговори Ацо. И така почна, Дражен појадок беше, тоа е помалку познато нешто за него “, откри Ацо во подкастот на АБА лигата чиј водител беше Един Авдиќ.
Дражен кариерата ја започна во Шибенка и оттаму замина во Цибона, а потоа во Реал Мадрид. Таму се претстави брилијантно, беше забележан од НБА тимовите, а колку веруваше во себе покажува и фактот што го откупи договорот со Реал и премина во Портланд. За жал, таму не успеа да добие минутажа, па во 1991 година замина во Њу Џерси. Доби минутажа, ја искористи и го покажа сиот свој прекрасен талент.
По втората сезона со Нетс и елиминацијата во плеј-офот од Кливленд, Дражен отпатува за Полска и таму игра со хрватската репрезентација во квалификациите за ЕП. Потоа се случи трагична несреќа. Тој одлучи да не се врати дома со тимот, туку со својата девојка Клара. Таа била зад воланот на „голфот“ кој се судрил со камионот. Тој седел на совозачкото седиште и починал, додека таа и турскиот кошаркар Хилал Едеба поминале без последици.
,,Клара е чудовиште. Не е ни во контакт со Хилал. Не ја посетувала ниту кога била болна, иако се пријатели долги години и заедно играле кошарка од детството. Хилал студирала во Америка и кога се вратила, Клара ја покани да одат заедно да го земат Дражен на аеродромот во Франкфурт“, изјави во интервју Бисерка Петровиќ, мајка на легендарниот хрватски кошаркар.