Ф’стаците се добар извор на витаминот Б6 кој е основен за создавање на хемогоблин, а тој, пак, клетките ги снабдува со кислород. Витаминот Б6 е добар и за поттикнување на имунитетот создавање на црвени и бели крвни зрнца, одржување на слезинката и лимфните јазли во здрава состојба.
Всушност, недостатокот на витаминот Б6 ја намалува способноста на организмот да се бори со инфекции. Ја збогатуваат кожата со витаминот Е, а тој ја штити од прерано стареење, од ултравиолетовите зраци и од карцином. Го одржуваат видот здрав затоа што ф’стаците содржат каротеноиди, зеаксантин и лутеин, кои ретко се наоѓаат во другите јаткасти плодови.
Каротеноидите штитат во форма на антиоксиданти, кои го спречуваат штетното влијание на слободните радикали. На ф’стаците им се припишува и способноста да го намалат ризикот од макуларна дегенерација (т.н. старечко перде).
Ф’стаците се добар извор на фосфор, што е поволно за гликозна толеранција и за претворање на протеините во аминокиселини. Една рака суви ф’стаци е одличен избор за дијабетичари.
Се смета дека ф’стаците го намалуваат лошиот и го зголемуваат процентот на добриот холестерол во телото. Ова помага да се намали ризикот од срцеви заболувања.