Секој што патувал со авион знае дека e малку лади во авионот, но зошто?
Според стјуардесата Ванеса Сетими, за ова има објаснување, но вели дека таа и останатите стјуардеси не го контролираат термостатот, пишува Reader’s Digest.
„Температурата во кабината ја контролираат пилотите“, вели таа.
„Значи, иако патниците често бараат да се зголеми температурата за време на летовите, таа се одржува ладна“, објаснува експертот.
Причината поради која температурата е поладна во авионот е затоа што оваа температура им помага на патниците кои се склони кон несвестица или може да чувствуваат мачнина за време на турбуленции.
Стјуардот Сетими препорачува да го носите џемперот или ќебето со себе кога летате за да бидете што поудобни за време на летот.