Ако забележите дека лесно заспивате кога сте до вашиот партнер, експертите велат дека тоа значи дека сте безбедни и опуштени еден до друг.
Како што објаснува психологот, многу жени доживеале ситуации каде што чувствуваат дека близината на нивниот партнер ги смирува.
„Чувството на безбедност го активира парасимпатичкиот дел од нашиот нервен систем. Потоа зениците се шират, дишењето станува подлабоко, а срцевиот ритам се намалува додека телото полека се опушта. Ова значи дека вашето тело се подготвува за одмор, поради што често брзо заспивате покрај вашиот партнер“, објаснува психотерапевтката Таша Бејли за „Гламур“.
Токму поради чувството на сигурност, заштита и опуштеност, многу парови брзо заспиваат. Исто така, поминувањето време со саканата личност го активира окситоцинот, кој ве опушта и предизвикува пријатно чувство и квалитетен сон.
Покрај тоа, присутни се серотонин и допамин, кои ве прават да се чувствувате задоволно кога сте во близина на личноста што ја сакате. Одморот и спиењето покрај партнерот имаат свои придобивки, особено во раните фази од врската.
„Мирисот може да го активира и нервниот систем за да се чувствувате безбедно и опуштено. Мирисите се поврзани со спомени и искуства. Ако мирисот ве потсетува на чувство на сигурност, веднаш ќе се опуштите и ќе се чувствувате подобро. Ова е исто така една од причините зошто многу жени сакаат да се потпрат на својот партнер и да го мирисаат неговиот парфем, што го направило препознатлив“, вели психотерапевтот.