Дали причините за изневерување на жените се различни од оние на мажите, се обиде да открие неодамнешното истражување кое ги проучувало одговорите на 116 жени. Како што пишува психологот Тереза Е. Дидонато за Psychology Today, жените го наведоа следново како причини за нивното неверство:
1. Несреќни се во моменталната врска, дури 64,66 отсто од нив – постојани конфликти, емоционални тешкотии, недоразбирање и разделби, сето тоа се причините за незадоволство од врската кои ги ставаат жените во ризик од неверство.
2. Незаинтересираност од страна на партнерот – кога жените чувствуваат дека нивниот партнер не вложува во врската, тоа мотивира 22,41 отсто од нив на неверство.
3. Сакаат да се одмаздат – како одговор на тоа што нивниот партнер имал афера, 15,52 отсто од нив сакале да се одмаздат на ист начин.
4. Се чувствуваат досадно или бараат нешто ново – невозбудливите животи доведоа до неверство 12,93 отсто од испитаниците.
5. Незадоволството од сексуалниот живот со партнерот било причина за изневерување кај 8,62 отсто од жените.
6. Имаат можност – за 7,76 отсто од испитаниците, ситуационите можности биле причина за изневерување, иако не биле несреќни во врската. Ваквите случајни флертувања ги натерале да не се однесуваат во согласност со првично поставените одлуки, односно вредностите на бракот.
7. Потребна им е потврда – чувството за неприфатено и недостаток на почит кон 6,90 отсто од жените може да послужи како причина за неверство.
8. Го сакаат својот романтичен партнер – околу два отсто од жените како главна причина за неверството ја навеле љубовта кон својот партнер, а околу пет отсто рекле дека привлечноста на нивниот романтичен партнер е клучниот мотив.
9. Знаат дека нивната врска завршува – и покрај фактот дека раскинувањето е тешко, тие ретко се случуваат ненадејно. 6,03 отсто од нив мислат дека можеби изневерувањето е изговорот што им е потребен за да ја прекинат нивната примарна врска.
10. Врска на далечина – Мал дел од испитаниците, 3,45 отсто од нив ја обвинуваат далечината во врската за нивното изневерување. Кога живеат на различни места, паровите се помалку присутни во животот, оставајќи повеќе можности за афера.
Покрај причините споменати во студијата, како причини за измама беа споменати и проблеми со менталното здравје и стресот. Се чини дека кога потребите за припадност и поврзаност, сексуалните потреби, потребите за самопочит или социјалните потреби не се задоволени, жените може да бидат изложени на поголем ризик да се вклучат во неверство.