Ако сте забележале дека пилотите се секогаш голобради, тоа не е случајно.
Брадата е забранета на повеќето големи авиокомпании, иако тоа не е официјално правило од Федералната управа за авијација (FAA), портпаролот вели дека влакната на лицето влијаат на безбедноста, пишува New York Post .
„Немаме никакви регулативи – како што се прописите за чисто бричење – но многу авиокомпании имаат политики кои бараат од пилотите да немаат брада или минимална брада за да се осигураат дека маските за кислород се вклопуваат правилно ако се потребни“, објасни претставникот на ФАА .
Тој додаде дека условот е маските за кислород да бидат функционални, а авиокомпаниите може да бараат пилотите да бидат избричени или да имаат мала брада за да го обезбедат тоа.
Во „Делта ерлајнс“ на пилотите им е забрането да имаат влакна на лицето за добро да стои маската, додека „Американ ерлајнс“ има слична политика.
„Не дозволуваме пилоти со влакна на лицето на активна должност“, рече портпаролот. „Всушност се работи за безбедност. Безбедноста е една од најголемите, најважните работи во нашата индустрија“.