Луѓето кои имаат одлична меморија и на возраст од 80 години може да се клучот во откривањето на причините за појавата на Алцхамеровата болест, покажуваат податоците на неодамна објавеното истражување во Журнал за невронаука (The Journal of Neurosciencе).
Истражувањето покажува дека луѓето кои, на возраст од 80 години и постари, поседуваат исклучително добра меморија, исто така имаат значително подолги нервни клетки или, како што ги нарекоа научниците, „суперневрони“ во одредени делови од мозокот.
Резултатите од студијата, објавени минатата недела открија дека нервите во областа на мозокот одговорна за меморијата, или во медицинска смисла енториналниот кортекс, се значително поголеми кај овие луѓе во споредба со нивните врсници кои имаат просечна меморија.
Тие објаснија дека оваа категорија на луѓе во нивните златни години со исклучителни мемориски вештини поседуваат неврони подолги од оние на просечниот поединец кој е 20 или дури 30 години помлад од нив.
„Фактот дека овие индивидуи имаат многу подолги неврони од нивните помлади врсници може да значи дека таквите големи клетки се присутни уште од раѓање и структурно се одржуваат во текот на животот“, вели носителката на истражувањето Тамар Гефен од Универзитетот Нортвестерн.
„Заклучуваме дека подолгите неврони се биолошки белег на еден вид патека на „супер-стареење““, рече Гефен.
Во соработка со колегите, таа откри дека постарите луѓе со поостри сеќавања немаат абнормална акумулација на тау протеинот во таканаречените неврофибриларни заплетки, што е белег на Алцхајмеровата болест.
Таа потсети дека со помош на протеинот тау, локацијата на идната атрофија на мозокот кај пациентите со Алцхајмерова болест може со сигурност да се предвиди една година или уште повеќе години однапред.
За разлика од тау протеинот, амилоидните плаки не беа толку успешни во предвидувањето на локацијата на идната атрофија на мозокот. Научниците веруваат дека тау протеинот подиректно предизвикува дегенерација на мозокот кај Алцхајмерова болест отколку амилоидниот протеин.
„Со цел да се разбере како и зошто некои луѓе се отпорни на развој на Алцхајмерова болест, важно е внимателно посмртно да се истражат мозоците на постарите луѓе кои имаат подолги неврони. Што ги прави нивните мозоци уникатни? Како би можеле да ги искористиме нивните биолошки својства за да придонесеме за спречување на развојот на Алцхајмерова болест?“, беа прашањата што ги постави д-р Гефен.
Како дел од истражувањето, научниците пост-мортам ги проучувале мозоците на шест постари лица кои имале одлична меморија, потоа мозоците на седум когнитивно просечни постари луѓе, шест млади луѓе и пет лица во раните фази на Алцхајмерова болест.
Гефен објасни дека ја измериле големината на невроните во слојот II. на енториналниот кортекс, кој се состои од шест слоеви на неврони наредени еден врз друг, и тие се важни бидејќи ја контролираат меморијата. Во исто време, тие, исто така, ја проучувале количината на акумулација на протеини во неврофибриларното заплеткување.
„Студијата покажа дека во случај на Алцхајмерова болест, атрофијата на невроните во енториналниот кортекс, еден од деловите на мозокот одговорни за меморијата и сетилото за мирис, беше карактеристична на болеста“, вели Гефен.
„Претпоставуваме дека овој процес е последица на акумулацијата на тау протеинот во неврофибриларното заплеткување, што резултира со послаба способност за паметење во староста“, додаде таа.
ТРТ БАЛКАН