Колку пати сме јаделе доцна навечер? Или ќе завршиме со работа доцна и ќе се вратиме дома гладни, или ќе уживаме во вечерните закуски со филм што го гледаме до доцна во ноќта. Повеќето од нас знаат дека тоа не е здрава навика, но зошто и колку е лошо да се јаде доцна навечер?
Неодамна објавеното истражување кое ги испитуваше навиките на 34.470 луѓе постари од 19 години во период од 15 години (од 2003 до 2018 година) покажа дека 35 отсто од луѓето консумирале храна во временски период подолг од 13 часа, додека 59 отсто од нив консумирале храна после 21.00 часот. Освен тоа, најголем број калории се трошат навечер, дури 36 отсто, како што покажало истражувањето .
Во суштина, како човечки вид, ние еволуиравме за да внесуваме храна во текот на денот и да ја зачуваме енергијата ноќе. Промените во овој ритам може да доведат до разни здравствени проблеми. На пример, студиите покажаа дека луѓето кои јадат навечер така што има помалку од три часа помеѓу јадењето и спиењето имаат многу почесто гастроезофагеален рефлукс.
Сепак, дали постои врска помеѓу доцниот внес на храна и зголемената телесна тежина ? Во една студија која ја испитуваше исхраната на 872 луѓе , истражувачите го испитаа внесот на храна во рок од два часа по будењето, два часа пред спиење и во два временски периоди во текот на денот и врската со телесната тежина. Се покажа дека луѓето кои консумирале храна во рок од два часа по будењето имале помала веројатност да бидат дебели, додека оние луѓе кои консумирале храна со калориска вредност од 100 или повеќе килокалории во рок од два часа пред да заспијат имале дури 80% поголем ризик од дебелеење.