Зошто Никола Тесла бил опседнат со броевите 3, 6 и 9? Тој ги сонувал овие бројки, а еве и објаснување за нив
Никола Тесла особено внимание им придавал на броевите 3, 6 и 9. Неговата опсесија со овие бројки и денес интригира, а еве што се знае за научната тема со примеси на духовното.
Генијалниот Тесла покажал интерес за овие броеви уште во детството. Тие броеви често ги гледал во своите соништа и верувал дека се знак од универзумот. Како растел, Тесла започнал да го проучува математичкото и духовното својство на овие броеви. Тој открил дека овие броеви се присутни во сите аспекти на универзумот, од најмали честички до најголеми галаксии.
Сметал дека броевите 3, 6 и 9 се основа на универзумот. Истакнал дека тие се клуч за универзумот и дека само ако го разбереме нивното значење, ќе можеме да ги отклучиме тајните на космосот.
Вербата во моќта на овие броеви го довела до развој на низа теории за вселената. На пример, сметал дека бројот 3 е клуч за разбирање на структурната материја, бројот 6 клуч за разбирање на текот на енергијата, додека пак бројот 9 е клуч за разбирање на природата на свеста.
Научната заедница никогаш не ја прифатила теоријата на Тесла во целост, меѓутоа неговата опседнатост со нив поттикнала многу луѓе да продолжат со истражување за овие броеви. Сега веќе постојат повеќе истражувања кои сугерираат дека овие броеви имаат подлабоко значење од тоа што се мислело за нив претходно.
Бројот 3 често се поврзува со тројството, додека бројот 6 се поврзува со шесте дена на создавање. Бројот 9 пак се поврзува со совршенство, пишува medium.com.
Тесла пресметал дека планетите се поврзани со овие броеви. Важно место заземаат броевите од бинарниот систем чиј модел функционира на овој начин: се започнува со еден број и потоа истиот се удвојува. Клетките и ембрионите функционираат на ист начин, па така се верува дека сепак овие броеви се важен дел од целиот систем.