Новата студија открива дека очите се движат кога спиеме, бидејќи кога сонуваме тие се движат на ист начин како кога гледаме слики во реалниот живот.
Очите се движат кога гледаат слики, иако сме во несвест.
Секое движење за време на „Рапидното движење на очите“ – периодот кога сонуваме – се случува по „промена на сцените“ за време на сонот што го гледаме.
За да се спроведе студијата, беа користени 19 луѓе кои страдаат од епилепсија. Нивниот мозок бил поврзан со електроди и биле следени две недели, пренесува Телеграфи.
Мониторингот се вршеше 24 часа, со цел да се споредат движењата направени со отворени очи и оние кога очите се затворени.
Истражувањето заклучува дека движењата на очите се исти кога човекот е буден, како и кога спие.