ЗОШТО ПОБЕДАТА ВО ПАРИЗ Е ТОЛКУ СЛАТКА ЗА НОВАК ЃОКОВИЌ !? Србинот си ја отвори душата: “Само тие знаат низ што поминавме…“
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ги изрази своите впечатоци по освоената седма титула на Мастерсот во Париз.
Тој во финалето го победи Бугаринот Григор Димитров со 6:4, 6:3 (2:0).
„Една од најзначајните победи. Три натпревари бев на работ на пораз. Поблиску до пораз од победа пред денешниот меч. Овој триумф и трофеј во Париз значи уште повеќе. Би сакал да му се заблагодарам на мојот тим што беше со мене. Тие знаат низ што поминавме овие денови. Огромни предизвици. Така победата е уште послатка“, истакна Србинот по победата на прес-конференција.
„Многу пати го поминав тоа низ што минува тој. Се надевам дека ќе продолжи да игра одличен тенис. Му посакувам се најдобро во понатамошната кариера“, истакна Новак Ѓоковиќ.
Тој се најде себеси премногу горд.
„Неверојатно. Да можам да го освојам пехарот, по тешките услови и ситуација оваа недела… Три пати се враќав од работ, четврток, петок, сабота. Некако најдов дополнителна брзина. Денеска и двајцата бевме стегнати на стартот, тој остана без сила, но јас го најдов тој дополнителен удар. Мислам дека натпреварот беше понеизвесен отколку што сугерира резултатот, но уште една голема победа. Јас сум горд“, заклучи Новак Ѓоковиќ.