Зошто постарите луѓе имаат специфичен мирис?

Како што луѓето стареат, тие развиваат специфичен мирис кој речиси веднаш се забележува. Експертот објасни како всушност се јавува.

Долго време се сметаше дека овој мирис е неизбежна последица од стареењето, но добрата вест е дека една храна може да ви помогне да се ослободите од него.

„Мирисот кај постарите лица доаѓа од пероксидација на липиди на површината на кожата. Ако немате доволно оксиданти, тој мирис се акумулира. Бидејќи многу клетки не се обновуваат како што старееме, тој се задржува“, изјави Лесли Кени, основач на „Оксфорд хелтспан“, за „ Њујорк пост“ .

Таа понатаму изјави дека овој мирис доаѓа од соединение наречено 2-ноненал. Тоа е нуспроизвод од разградувањето на омега-7 масните киселини на површината на кожата.

„Не можете да го „маскирате“ со парфем. Тој едноставно стои врз него и му дава еден вид мувлосан мирис. Не можете да се ослободите од него ниту со капење бидејќи клетките не се обновуваат доволно брзо, а липидните масти не се разградуваат толку лесно, па мирисот сепак ќе биде таму“, продолжи таа.

Треба да се ослободите од тој мирис одвнатре. Кени објасни дека можете да го направите ова со јадење храна богата со печурки. Тие се полни со аминокиселината ерготионеин, моќен антиоксиданс со антиинфламаторни својства што ја запира пероксидацијата на липидите.