Зошто седиштата во кината имаат црвена боја!? Ништо не е случајно: Кога ќе седнете да гледате филм, не го забележувате овој момент (фото)

Удобно лежејќи на црвено столче со пуканки или чипс во рака, чекате да поминат рекламите и да се затемнат светлата. Црвената завеса одамна е отстранета од кино екранот и филмот може да започне!

Ако забележавте, во киното сè е црвено, во некои дури и ѕидовите. Зошто е тоа така?

театар

Според историчарите, трендот на црвените театарски седишта дошол од Италија, која била и останува центар на оперската изведба со векови и каде оперските куќи традиционално биле украсени во црвена и златна боја. Овој стил беше реплициран во оперските куќи и театрите низ Европа и кога филмот почна да го заменува театарот како главна форма на забава, продолжи модата за црвени седишта.

Од психолошка гледна точка, црвената е првата боја која станува невидлива во отсуство на светлина. Затоа столовите и завесите се црвени и во кино и во театар. Единствената причина е што гледачите би можеле да имаат подобро искуство од претставата или филмот. Едноставно нема визуелни одвлекувања од страна и од просторот.